548
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер заработи повреда на бизарен начин поради која ќе треба да паузира извесен период.
Баерн Минхен со 3-0 го победи Баер Леверкузен и направи крупен чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите.
При вториот погодок за Баварците кој го постигна Мусиала, Нојер се повреди трчајќи при прославата. По што мораше да биде заменет, а веројатно и ќе пропушти неколку идни натпревари.
„Точно е дека Нојер се повреди при прославата на голот, но засега немаме подетални информации, се чини дека е мускулот на ногата. Ќе чекаме да видиме колку ќе паузира“, потврди тренерот Компани по мечот.