Ниту УЕФА не можела да помогне во оваа ситуација: Келн во Белград без својот клупски автобус

by
2 минути читање

Црвена Звезда вечерва на
домашен терен го пречекува германски Келн во последното, шесто коло од групата
„Х“ во Лига Европа.

И двете екипи влегуваат
израмнето во однос на бодовите (6) а воедно и со гол разликата која е сведена
на нула, во првиот меч на гостински терен белградскиот тим обезбеди минимална
победа од 0-1, па токму поради тоа е во подобра позиција на табелата, поточно
на второто место кое води во наредната фаза.

Како и да е, на
вечерашниот меч во Белград му претходеше чудна ситуација во која се најде
гостинскиот табор.

Експедицијата на Келн
стигнала во средата во Србија со чартер лет, но на аеродромот го немаше нивниот
клупски автобус.

Истиот бил вратен од
границата на Србија поради тоа што германскиот клуб не испочитувал еден закон
од српските власти.

Проблемот настанал
поради фактот што во клупскиот автобус на Келн немало најмалку пет патника,
колку што пропишуваат законите во Србија, па ниту УЕФА не можела да помогне во
овој случај, по што Германците морале да изнајмат автобус во Белград за нивните
потреби.

Извор: sportske.net

Фото-вест: fc.de

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани