Николов и МОЛ Види скапо ја продадоа кожата во Лондон, Челси само со минимална победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сините“ влегоа
како огромен фаворит во овој меч и многумина очекуваа Челси да забележи лесна
победа и да го испрати МОЛ Види со неколку погодока во мрежата.

Но избраниците на
Сари се мачеа, нашиот Бобан Николов и неговите соиграчи се прикажаа во одлично
светло и имаа свој шанси на Стемфорд Бриџ. Трите бода сепак
на крајот останаа во Лондон откако Мората погоди за 1-0 во 70. минута од мечот.

Оваа пресметка
беше најоскудна кога се во прашање мечевите од 21 часот во Лига Европа. На дури
9 од 11 натпревари паднаа најмалку три погодока. Најдраматично беше во Москва,
каде Спартак и Виљареал одиграа 3-3. Со два гола во 82. и 85. минута домаќините
стигнаа до предност од 3-2 но Казорла од пенал во 96. минута обезбеди бод за
„Жолтата подморница“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани