Никогаш претходно вака не се славело, 20.000 фанови ги пречекаа играчите на Наполи на аеродромот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На четири кола до крајот во Серија А, „Старата Дама“ има само еден бод предност. По вчерашната победа на гостувањето во Торино, Наполи одново сонува за Скудетото. Па градот под Везув полуде од радост по последниот свиреж на Роки.

Огномет, петарди и славје низ улиците до раните утрински часови. Дури 20.000 навивачи ги пречекаа своите херои кои слетаа на аеродромот Каподикино во 2.50 часот. Сцени никогаш претходно видени за една победа (особено што тимот се уште е на втората позиција).

Забавата на аеродромот траела до 4 часот наутро, автобусот на Наполи со помош на полицијата и ултрас навивачите кои направиле простор во толпата, се упатил кон тренинг центарот во Кастел Волтурно. Најхрабрите со коли и скутери продолжиле да ја следат делагацијата на „Наполитанците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани