85
Освојувачот на
големиот трофеј во англиската Премиерлига сезонава, Манчестер Сити не само што
беше толку убедлив во својата моќ сезонава во Англија, туку истата може да ја
потврди и со освојување на 100 бода.
Сити не дојде до
победа од дуелот против Хадерсфилд, кој пак се бори за опстанок, и одигра само
реми без голови, а по мечот домаќините го подигнаа победничкиот пехар во
Премиерлигата, но, прославата можеше да донесе и разочарување.
При
прославата, невнимателниот Зинченко го потфати трофејот кој падна на теренот, а
интересна реакција имаше Вокер кој беше доста загрижен за таа ситуација.