65
Илија Несторовски е главна ѕвезда во Сицилија деновиве, по интервјуто во „Гаѕета дело спорт“, денеска е актуелен со ново големо интервју во „Кориере дело спорт“. Помеѓу другото македонскиот фудбалер прави споредба помеѓу Прилеп и Палермо.
„Прилеп е мал град, за мене најубавиот во светот, мојата папочна врвца. Многу од луѓето одгледуваат тутун, живеат од тоа, има голема фабрика во градот“ – вели Несторовски во интервјуто за Кориере дело Спорт.
„Пабови? Ресторани? Од пладне не можете да најдете слободно место. Не е како во Палермо каде можете да јадете каде сакате, кога сакате“.