Несторовски: Мојата иднина? Мислам само на Палермо

by
1 минути читање

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ има одлична дебитантска сезона во Серија А и до овој момент
постигна 8 погодоци.

Името на Илија
Несторовски се поврзуваше со неколку клубови, Наполи пројави најконкретен
интерес но Палермо не сакаше да слушне за продажба на голгетерот.

Се најавува дека
„Наполитанците“ по крајот на сезоната одново ќе достават понуда, но Македонецот
вели дека не размислува на оваа тема.

„Мојата иднина? Мислам
само на Палермо, се чуствувам комфорно тука
– вели популарниот „Нестогол“ во разговор со Скај Спорт.

„Фокусиран сум
само на борбата за опстанок и ништо повеќе
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани