Нестогол не ги сака милионите од Кина, Македонецот продолжува со Палермо

by
1 минути читање

Зенит со 20
милиони евра се обиде да го купи „Нестогол“ во последните денови од зимскиот
преоден рок, но Палермо одолеа на оваа богата понуда.

На адреса на
клубот од Ренцо Барбера сега пристигнал и предлог од Кина, но Илија Несторовски
не ги сака милионите од Далечниот Исток и решил да остане на Сицилија.

„Пристигна
конкретна понуда од Кина за Несторовски. Но Илија не сакаше да замине а и ние
не сакавме да го ослабнеме тимот
– вели спортскиот директор на Палермо, Фабио Лупо.

Детали од
понудата не се откриваат но со оглед на лудилото кое владее во Кина во
последните години со голема сигурност може да се претпостави дека се работел за
мултимилионски предлог.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани