Нешто не штима помеѓу Кавани и Нејмар, Уругваецот тргна по лична слава и го игнорираше Бразилецот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Војната помеѓу
двете ѕвезди започна кога Кавани одби да му дозволи на Нејмар да ги изведува
пеналите, напаѓачите во неколку наврати се натегаа на теренот за ситуацијата да
кулминира со расправија во соблекувалната.

Унаи Емери потоа нареди
двајцата играчи наизменично да се менуваат, за на крајот да пресече и да го
постави Нејмар за прв пеналџија.

Овој потег како
да ги смири страстите и да ги врати Кавани и Нејмар на иста бранова должина, но
една акција од вчерашниот деул со Лил сепак покажува дека нешто не штима.

При една контра,
Кавани го имаше слободен Нејмар на спротивната страна, но наместо да асистира за
лесен погодок, Уругваецот реши сам да се прослави. Сепак, неговиот удар заврши високо
над голот по што следуваше бесна реакција од Бразилецот кој покажуваше каде
требала да оди топката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани