Лидерот во Примера вчера киксна на гостувањето кај Лас Палмас и му дозволи на Атлетико Мадрид да се доближи на пет бода во пресрет на дербито на Камп Ноу.
Барса тешко го прифати ремито, гостите имаа замерки на судијата Матеу Лахоз и веруваа дека биле оштетени. Судијата не досуди ништо кога голманот на Лас Палмас играше со рака надвор од шеснаесетникот, а покажа на белата точка во корист на домаќините под сомнителни околности.
Жерард Пике, кој мечот го преседе на клупата, најжестоко реагираше. По последниот свиреж тој влезе на теренот и тргна да дели своја правда со Лахоз. Но беше спречен во намерата од страна на делагатот на Барса, кој едвај го додржа дефанзивецот.
Камерите на Мувистар+ на кратко го уловија овој момент кога нервозниот Пике му довикуваше нешто на судијата.
El enfado de Gerard Piqué al término del partido. #MovistarPartidazo pic.twitter.com/3Eg2b6TJnM
— La Casa del Fútbol en Movistar+ (@casadelfutbol) March 1, 2018