373
ПСЖ синоќа доживеа тежок дебакл на Камп Ноу. Францускиот тим во Барселона замина со предност од 4-0, но доживеа елиминација.
По таквиот развој на настаните одбројани се деновите на Емери на клупата на ПСЖ, а фудбалерите трпат големи критики од навивачите.
Група навивачи на ПСЖ со навреди ги пречека своите фудбалери кои доцна синоќа се вратија во Париз. А Тиаго Мота отиде чекор подалеку од другите играчи, со својот автомобил згази навивач.
Иако не играше ниту една минута на двата дуели, Мота може да се најде во неволја. Навивачот кој го згази се пожалил на повреди во грбот и бил пренесен во болница.