18 годишниот Жозе Марио или попознат како Зука доби шанса од прва рака да искуси како
изгледа да се биде дел од најтрофејниот клуб на Англија.
За дуелот со
Свонси, синот на Жозе Мурињо со Мајкл Карик беше дел од тренерскиот
персонал на „Црвените ѓаволи“ и седеше на клупата заедно со останатите
помошници на „Специјалниот“.
Тинејџерот доби и
опрема со неговите иницијали, на тренерките и јакната од Адидас пишуваше „ЗМ“.
Останува да се
види каква ќе биде инволвираноста на Мурињо џуниор во иднина, за кого самиот Жозе
пред неколку години рече дека гледа голем потенцијал.
„Еден ден, по
серија слаби резултати, ми дојде во канцеларија со одредена анализа” – рече Португалецот минатата година
во ТВ документарец.
„Очигледно го
мачеше нешто поради слабите резултати на татко му, мислам дека сврзавме пораз
од Ватфорд и Манчестер Сити. Ми покажа статистика за тимот. Јас потоа тоа им го
пренесов на моите помошници и им кажав да внимаваат бидејќи еден ден малиот ќе
им ја земе работата”.