Eкипата на Ливерпул денеска славеше убедлива победа против Тотнем од 5-1 и така ја потврди титулата во Премиер лигата, а на Островот забележаа интересна ситуација со Ерлинг Халанд.
Халанд не беше во составот на Манчестер сити кој во исто време играше против Нотингем Форест во полуфиналето од ФА Купот, а на социјалните мрежи Норвежанецот објави фотографија како го гледа својот тим.
Сепак, фановите забележаа еден интересен момент. Имено, Халанд Манчестер сити го гледаше на помал екран додека на телевизорот во позадина можеше да се забележи дека го следи натпреварот на „црвените“ против Тотнем.