Нејмар откако се
пресели во Европа ниту еднаш не го пропушти роденденот на неговата сестра. Тој
намерно заработуваше суспензии, а и симптоматично се повредуваше во тој
период од годината.
Сега тој
се опоравува од операција на стапалото, повреда поради која може да паузира и
до три месеци и да биде под знак прашалник за Светското првенство.
Но ниту една ваква ситуација не го сспречи фудбалерот на ПСЖ да го напушти
својот луксузен „бункер“ во Мангаратиба и да отпатува за Сао Паоло, каде во
познат ноќен клуб, Рафаела вчера организираше журка по повод нејзниот 22.
роденден, кој го прослави на 11. март но во семејна атмосфера.
Бразилецот на
патерици во придружба на девојката Бруна Маркезине се појави на забавата, на која присуствуваа многу познати личности, пријатели и членови на семејството.