Нема „пасиљо“ од Реал за Барса ама има твит (ФОТО)

by
2 минути читање

Обичајот вели
дека тимот кој игра против новокрунисаниот шампион треба да приреди „пасиљо“ и да
го почести противникот со гарда при излезот на теренот. Изминатиов
викенд, фудбалерите на Депортиво го сторија тоа бидејќи Барса на Риазор
пристигна како освојувач на Копа дел Реј.

„Каталонците“ со
победата во Ла Коруња ја запечатија и титулата во Шпанија, па Реал Мадрид на
Камп Ноу ќе треба да приреди „пасиљо“. Но Зинедин Зидан уште пред неколку
недели најави дека нема да го сторат тоа, со образложение дека Барса била таа
која ја прекршила традицијата.

Серхио Рамос на
денешната прес конференција само потврди дека тие ќе испочитуваат одлуката на
тренерот.

„Зборовите на
Зидан се закон. Премногу галама се прави од сето ова. Барса ја освои титулата,
тоа го посакуваа, но нема да добијат „пасиљо“. Точка
– порача капитенот на „Кралевите“.

Реал Мадрид сепак
„пушти срце“ и попладнево на Твитер напиша: „Честитки до Барселона за освоените титули во Ла Лига и Копа дел Реј оваа сезона“.




Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани