Шпанија најверојатно ќе биде без Ламин Јамал на стартот од Светското првенство 2026, бидејќи младата ѕвезда на Барселона сè уште се опоравува од повредата на задниот бутен мускул.
Јамал се повреди на натпреварот против Селта кон крајот на април, а иако првичните прогнози беа оптимистички, шпанската репрезентација не сака да ризикува со неговото здравје.
Според последните информации, 18-годишниот офанзивец сигурно ќе го пропушти првиот меч против Зеленортските Острови на 15 јуни, додека неговиот настап против Саудиска Арабија исто така е под голем знак прашалник. Во таборот на „црвената фурија“ се надеваат дека Јамал ќе биде подготвен за последниот натпревар од групата против Уругвај.
Селекторот Луис де ла Фуенте и стручниот штаб немаат намера да брзаат со неговото враќање, со цел да избегнат нова повреда која би можела да остави последици врз кариерата на еден од најталентираните фудбалери во светот.
Јамал зад себе има фантастична сезона во дресот на Барселона со 24 голови на 45 натпревари, а минатото лето блескаше и со Шпанија во освојувањето на Европското првенство.