Нека му ја мислат Арсенал и Јунајтед, Рајола стана централна фигура во трансферот на Санчез

by
2 минути читање

Преселбата на
Алексис Санчез во редовите на Манчестер јунајтед зависи од тоа Хенрих Михитарјан
да се договори со Арсенал.

Ерменецот е
застапуван од контроверзниот Мино Рајола, кој очигледно станува централна
фигура во целиот трансфер и дополнително ја компликува и онака сложената
зделка.

На Италијанецот
со денови не му се слушаше глас, а сега во период од неколку часа подели две
интервјуа.

Мино Рајола во
разговор со Тајмс најпрво порача: „Манчестер јунајтед ќе го купи Санчез само
доколку Мики се сложи да се пресели во Арсенал. Мики се уште нема одлучено. Тој
ќе ја одбере опцијата која е најдобра за него
.

„Санчез е дел од
трансферот на Мики, а не обратно
.

Мино Рајола сега
бара Манчестер јунајтед да го искешира играчот бидејќи тој има уште две ипол
години од договорот, а доколку се пресели на Емирати, нема да ја добива истата
плата. Агентот исто така бара и провизија за неговата вмешаност со зделката.

Тој со сличен
став неколку часа подоцна излези и во интервјуто за Скај Спортс: „Санчез е дел
од трансферот на Мики, а не обратно. Без него, Санчез нема да заврши во
Јунајтед
.

„Проблемите на
Мики во Манчестер јунајтед се поврзани само со минутажата. Нема никаков проблем
со менаџерот, не се работи за ништо лично. Тој има уште две ипол години од договорот
и нема потреба да замине
.

Запрашан какви се
шансите да се договори со Арсенал, Рајола вели: „Во моментов мали, но животот е
динамичен. Ова е голема зделка за Арсенал. Потребни им се подобри, млади играчи
и мораат да инвестираат. Па Арсенал треба да состави добра понуда, и во овој
момент зделката е далеку од комплетирање
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани