Нејмар се најде и на насловната на АС, Реал го купува Бразилецот за 400 милиони евра?! (ФОТО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид и Барселона би можеле да влезат во војна за потписот на Нејмар ако се суди по денешните изданија на Мундо Депортиво и АС.

Каталонскиот весник пренесе дека Бразилецот се кае што заминал од Камп Ноу, на своите поранешни соиграчи им признал дека погрешил што се преселил во ПСЖ и прашал дали може да се врати назад.

Мадридски АС пак пишува дека Нејмар е прва цел на Реал Мадрид и „Кралевите“ веќе ја знаат цената. Претседалот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи во неколку наврати порача дека е невозможно напаѓачот да замине, но ќе даде зелено светло доколу пристигне понуда од 400 милиони евра.

Пред неколку недели, преставници на Реал Мадрид се сретнале со таткото на Нејмар и двајца адвокати во Париз за да ја разгледаат можноста за трансфер. На состанокот било дискутирано за намерата на „Кралевите“ да искешираат 400 милиони евра за да ги убедат „Светците“, стратегијата која ќе биде примената како и бонусот и платата кои ќе ги добие играчот.

Реал знае дека Нејмар има желба да го облече белиот дрес, а и Перез сака да го види Бразилецот на Бернабеу. АС исто така потсетува дека „Кралевите“ немаат „галактикос“ засилување од 2013 кога беше купен Герет Бејл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани