Нејмар изминатово
лето реши да го напушти Камп Ноу и да се пресели во Париз, Бразилецот сакаше да
излезе од сенката на Лео Меси и да биде прва ѕвезда на проект кој ќе може да му
ја донесе престижната индивидуална награда „Златна Топка“.
Но авантурата на
Нејмар во ПСЖ не оди според планот, судејќи според големиот број на гласини кои
го пратат напаѓачот по преселбата на Паркот на Принцовите.
Последните
информации велат дека Бразилецот му се јавил на Лео Меси по поразот од 3-1 на
Сантијаго Бернабеу и уште еднаш му се доверил дека жали што заминал од Барса.
Во првенството на
Франција ја нема конкурентноста и тензијата што ја има во Шпанија. ПСЖ ќе се
прошета до титулата во Лиг 1, а веројатно ќе го освои и Купот. Но Лигата на
шампионите е нешто сосема друго и дуелот со Реал Мадрид покажал дека „Светците“
се уште не се на нивото на најдобрите во Европа.
Нејмар исто така
му пренел на Меси дека разбирањето и конекцијата која ја има со Мбапе и Кавани
е далеку од онаа која ја имал со него и Суарез на Камп Ноу. За работите да
бидат уште полоши, Барса ангажираше двајца негови добри пријатели во имињата
на Паулињо и Кутињо.
Бразилецот знае
дека многу повеќе ќе се забавувал оваа сезона доколку останал во Барса наместо
сега во ПСЖ. Точно е дека во Париз има повеќе привилегии од било кој друг, но
не ужива во фудбалот. Доколку „Светците“ доживеат елиминација уште во
осминафиналето, никој нема да ги цени работите што тој ги прави во Франција и
успехот кој ќе му го донесе на ПСЖ, па сезоната ќе биде гледана како чекор
наназад.