Нејмар му поставил два услови на Перез за преселба на Бернабеу

by
1 минути читање

„Кралевите“ играат очајно оваа сезона, се најавува реконструкција на тимот и Нејмар треба да биде новиот „Галактико“.

Според Диарио Гол, Бразилецот е отворен за идејата да потпише за Реал Мадрид, но му поставил два услови на Флорентино Перез.

Нејмар не ги сака во тимот Мауро Икарди и Хари Кејн, голгетери кои се најавуваат како можни наследници на Карим Бензема.

Фудбалерот на ПСЖ верува дека нивниот стил на игра ќе го спречат во желбата да игра со слободата која ја посакува, па е против трансфер на Аргентинецот и Англичанецот.

Нејмар исто така побарал на Сантијаго Бернабеу да му се приклучат Еден Азар од Челси и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, и на тој начин да се креира еден од најопасните напади во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани