И покрај тоа што
Нејмар и „Каталонците не се разделија пријателски, играчот остана во добар
однос со Лео Меси, Луис Суарез, Жерард Пике и останатите играчи.
Тој во неколку наврати се врати во Барса и беше на гости кај Аргентинецот.
Неодамна самиот Нејмар откри како започнало неговото пријателство со Лео Меси и
како му е благодарен за советите кои ги добил на почетокот од кариерата на Камп
Ноу кога се мачел со адаптацијата.
Дон Балон сега
пренесува дека Нејмар му се доверил на Лео Меси за својата иднина, и му открил
дека има две понуди на маса за да го напушти ПСЖ: едната е од Реал Мадрид а втората од
Манчестер јунајтед.
Меси му сугерирал
дека преферира да го прифати предлогот на „Ѓаволите“ бидејќи не сака да го види
во дресот на лутиот ривал. Сепак, Нејмар ставил јасно до знаење дека нема
проблем да игра против Лео и останатите пријатели од Барса доколку ја прифати
понудата на „Кралевите“.