Бразилецот на големо изненадување минатото лето реши да ја замени Барселона со ПСЖ. „Светците“ ја активира откупната клаузула вредна 222 милиони евра и го направија напаѓачот најскапиот играч во светот на фудбалот.
Но уште од првите месеци во неговата авантура во Париз почнаа да кружат гласини дека тој не е среќен, се кае што го одбрал ПСЖ и речиси секоја недела се говори за негово заминување од градот на светлината.
Нејмар денеска се најде на насловната страна на каталонскиот Мундо Депортиво. Весникот пренесува дека Бразилецот жали што заминал од Камп Ноу и изразил желба да се врати.
За ова тој веќе ги известил поранешните соиграчи со кои се уште е во добар однос и постојан контакт, а испратил и СОС до директорите и вработените кои имаат влијание врз спортските планови.
Нејмар наводно признал дека погрешил кога решил да излезе од сенката на Лео Меси и се правдал дека бил заслепен од проектот и големата економска моќ на ПСЖ. Верувал дека со ова ќе забележи прогрес како фудбалер, но испаднало дека Лиг 1 е далеку послаба од Ла Лига, а ниту хармонијата во соблекувалната не била како онаа на Камп Ноу. Тешко е за верување дека ПСЖ ќе му дозволи да замине ова лето, но за 2019 сите опции се отворени.
Мундо Депортиво додава дека во моментов на агендата на Барселона нема планови за враќање на Нејамр, но ситуацијата може да се промени до 2019. Исто така, одредени луѓе на Камп Ноу сметаат дека ова е само алиби на Нејмар во потрагата на трансфер во Реал Мадрид и фудбалерот ќе се правда „приоритет ми беше Барса, но тие не ме сакаа па јас се преселив во клуб кој ме посакуваше“.