Нејмар доби закана: На теренот премолчев, но ако танцува пред мене, ќе го скршам!

by
1 минути читање

По преселбата на
Паркот на Принцовите, Нејмар често знае да си поигрува со противничките играчи,
и со атрактивни дриблинзи да ја воодушевува публиката.

И додека сетоа тоа
е забавно за фановите, на некои од фудбалерите не им се допаѓа премногу
однесувањето на напаѓачот.

Прв кој проговори
јавно е Димитри Ленар од Стразбур, кој изминатиов викенд имаше мало
недоразбирање со Бразилецот во сензационалната победа на домаќините од 2-1.

Имено, Нејмар ги
загуби нервите во завршните мигови од средбата и стартуваше остро врз Ленар, па
уште и го обвинил дека глуми.

„Нејмар беше
малку нервозен, но и самиот знаеше дека е фаул
– вели Ленар.

„Ми довикуваше
„одглуми, одглуми“. Јас премолчев но сакав да му кажам, „пријателе, ти си
ѕвезда и можеш да ни правиш се што сакаш, но кога танцуваш пред мене, имам само
желба да те скршам“
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани