327
Македонскиот фудбалски репрезентативец ќе треба да чека уште еден месец откако Судот во Лозана повторно го одложи донесувањето на одлуката.
„Меѓународниот спортски суд во Лозана известува дека е продолжен рокот на одлуката за случајот Адеми. Новиот рок е на 17. март 2017“ – стои во соопштението на Судот за спортска арбитража.
Се веруваше дека судот во Лозана ќе донесе ослободителна пресуда за Адами, новото одложување фрла само нова сомнеж.
Анализите од лабараторијата во Келн покажале дека лекот Мегамин кој го земал Адеми бил загаден со забранетата супстанца Станозол од страна на производителот, па нема никаква намера за користење на недозволено средство од страна на македонскиот репрезентативец.