Не стивнуваат реакциите од „Дербито на Италија“: Зошто Рицоли не му дозволи на Икради да постигне гол? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со прекрасен гол на Квардадо, Јувентус освои големи три бода во дербито против Интер кое предизвика многу контроверзи.

Во Интер сметаат дека Рицоли не им досудил два чисти пенали, но една друга одлука на судијата стана хит на интернет. Видеото беше објавено и од тв каналот на клубот од Милано.

Имено, судијата оправдано досуди офсајд од Перишиќ, потоа следуваше контроверзниот момент. Алекс Сандро изведе, ја додаде топката до Џорџо Киелини кој млако ја врати до Буфон, додавањето го пресече Икарди и излезе очи во очи со голманот на Јуве, но Рицоли свирна и повика уште еднаш да се изведе офсајдот. Никој не знае зошто.

Дополнително Интер по овој меч остана без тројца клучни играчи. Перишиќ и Икарди заработија суспензии од по два натпревар, а Брозовиќ се повреди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани