„Не ги бирам играчите според цена, плата или убавина!“ – ќе игра „сатарот“ на Мурињо за дуелот со Тотенхем

by
1 минути читање

„Специјалниот“ беше разочаран од она што го прикажаа неговите избраници против ВБА, фенерџијата со голот на Џеј Родригез ја забележа првата победа по три месеци и од Олд Трафорд си замина со три бода.

Пред „Ѓаволите“ сега е дуелот со Борнмут во Премиерлигата, а потоа следува мечот со Тотенхем во полуфиналето од ФА Купот.

„Ротирање не е правиот збор. Доколку некој настапи против Борнмут и одигра феноменално, тогаш ќе игра во полуфиналето. Ова не е ротирање, бидејќи ако зборуваме за ротирање тоа значи дека некој ќе игра против Борнумт за друг фудбалер да одмори за настап против Спарси“ – вели Жозе Мурињо.

„Ова е шанса за одредени играчи да покажат што знаат и да се обидат да обезбедат место против Тотенхем, а одредени фудбалери кои играле против ВБА нема да добијат шанса“.

Запрашан да појасни дали некои од фудбалерите кои одиграат под очекувањата против ВБА нема да настапат против Тотенхем, Португалецот одговори: „Секако“.

„По кој критериум менаџерот ги бира играчите? Јас знам само еден критериум: начинот на кој играте е еднинствениот критериум поради кој некој е во тимот“.

„Или пак сакате да игра некој само поради цената која е платена за него, или пак платата која добива, или пак можеби затоа што е убав?“

„За мене единствен критериум се перформансите!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани