Не е само Де Брујн: Гвардиола не смета на уште една легенда на Манчестер сити

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити како што стојат работите се подготвува за многу промени во екипата за наредната сезона. Кевин Де Брујн веќе го потврди своето заминување, а „Етихад“ изгледа ќе го напушти и уште еден фудбалер кој со успех настапуваше во изминатите години.

Според информациите на реномираниот „Скај Спорт“ место во редовите на „граѓаните“ веќе нема ниту за Бернардо Силва.

Според информациите на Сач Таволери, новинар на „Скај“, клубот го информирал Португалецот дека не е во плановите за иднината и дека е дојдено времето за разделба.

Силва кој во август полни 31 години наводно најблоску е до враќање во Бенфика каде што ја започна кариерата, но тука се и клубовите од Саудиска Арабија кои го чекаат расплетот на ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани