Не е првоапрлиска шега, Тотенхем победи на Стемфорд Бриџ за прв пат по 1990 (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Спарси“ креираа
+8 во однос на Челси на седум кола до крајот во битката за топ четири финиш
откако попладнево триумфираа на Стемфорд Бриџ за прв пат по 1990.

Челси мораше да
победи на овој меч и добро започна, со голот на Мората поведе со 1-0 по половина час
игра. Сепак, во судиското надополнување на првиот дел, Ериксен испрати проектил
од 25 метри и изедначи на 1-1 со прекрасен гол.

Потоа на сцена во
вториот дел стапи Деле Али. Англичанецот во 62. минута одлично прими една долга
топка и го матираше Кабаљеро за 1-2. Четири минути подоцна истиот играч одлично
се снајде по една мешаница и по втор пат ја затресе мрежата на Челси за 1-3.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани