Утре (сабота) се
игра мега дербито во најсилниот турски фудбалски шампионат, каде Фенербахче на
домашен терен пред своја публика го пречекува својот ривал Галатасарај.
Овој дуел е од
огромно значење, како за едната, така и за другата екипа, барем ако се види
моменталната ситуација на табелата каде и обете екипи имаат шанси за титулата.
Фанатичните
навивачи на Галатасарај на спектакуларен начин им испратија поддршка на
фудбалерите во пресрет на дуелот со лутиот ривал, ги имаше илјадници на
трибините на тренингот, а атмосферата беше таква, каква што нема ниту за време
на големи дерби средби низ фудбалскиот свет.
Галатасарај со 53
бода е лидер во турската Суперлига, втор е Бешикташ со 50, исто колку и
Истанбул Башакшехир, Фенербахче со 47 бода е на четвртото место.