64
Андрес Иниеста
донесе финална одлука, тој на крајот од актуелнава сезона ќе се прости од
Барселона, а тој доби големи пофалби за тоа што го стори во дресот на Каталонскиот
гигант годините наназад.
Еспањол денес
одигра 1-1 на домашен терен против Лас Палмас во мечот од Примера, а на
трибините се упати и голем гест кон Иниеста од фановите на Еспањол кои истакнаа
транспарент на кој пишуваше „Ти благодариме за се’ пријателе“.
На транспарентот
стоеше и бројот „21“ кој го носеше Даниел Харке, големиот пријател на Иниеста,
инаку поранешен капитен на Еспањол, на кого фудбалерот на Барселона му го
посвети голот од финалето на Мундијалот во 2010. година.