Навивачите го окупираа теренот, менаџерот на Бристол порача: Ретко кој утре ќе оди на работа! (ФОТО)

by
2 минути читање

Со погодок во 93.
минута, Бристол приреди изненадување и славеше во дуелот со „Црвените ѓаволи“
во четвртфиналето во Лига Купот.

За домаќините ова
беше голема вечер и голем резултат, па по последниот свиреж на судијата,
илјадници фанови се симнаа долу на теренот да прослават со своите херои.

Ли Џонсон очекува
забавата да трае до раните утрински часови, менаџерот на Бристол вели дека ретко
кој од навивачите утре ќе се појави на работа.

„Не е убаво кога
гледате како фанови истрчуваат на теренот, но морате да ја разберете нивната
пасија по еден ваков резултат
– вели Џонсон.

„Ретко кој од
фановите утре ќе се појави на работа, ќе има забава до раните утрински часови
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани