128
На десетина
минути пред стартот на дуелот помеѓу Ливерпул и Рома во полуфиналето од Лигата
на шампионите настанал инцидент пред Енфилд и дошол до судир на спротивни табори.
Група гостински навивачи со каиши и чекани во рака, нападнале фанови на
„Црвените“ во паб, еден бил посериозно повреден, му биле нанесени повреди на
главата и сега е во критична состојба во болница.
Полицијата
уапслила две лица од Рим на возраст од 25 години односно 26 години, за обид за
убиство.