1,4K
На 25 март Македонија ќе го пречека Велс во квалификациски натпревар за Светското првенство 2026, а како загревање за овој дуел ќе се случи еден интересен настан.
Најдобрите фудбалери меѓу навивачите на Велс ќе одиграат пријателски натпревар со македонскиот четвртолигаш ФК Слободен од Скопје.
Овој ревијален натпревар ќе се одигра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, на истиот ден 25 март, со почеток од 12 часот. Натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер.