Настана голема полемика за причината поради која Мурињо се „исклучи“ од Инстаграм, причината е поразот од Челси, или…?

by
1 минути читање

Португалскиот
стратег од клупата на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го деактивираше својот
Инстаграм акаунт, а како една од причините кои се наведоа низ медиумите на
Островот се шпекулираше дека било поради тоа што наводно добивал навредливи
пораки.

Корисниците на
таа социјална мрежа, особено фудбалските фанови регистрираа дека Португалецот
го деактивирал Инстаграм профилот, а некои тврдеа дека сево ова доаѓа по
поразот од Челси во финалето од англискиот ФА Куп, можеше Манчестер јунајтед
сезоната да ја заврши со трофеј, но, не успеа во тоа.

Како и да е,
претставниците на Мурињо за односи со јавност ја потврдија информацијата дека
тој се повлекол од Инстаграм, а како причина наведоа дека му станало здодевно
на таа социјална мрежа, за што се работи поточно, се
останува само на ниво на шпекулација.

Она што е доста
интересно, Мурињо се приклучи на Инстаграм на денот на промоцијата во Манчестер
јунајтед во мај пред две години, објавувајќи фотографија со договорот од тимот
од Олд Трафорд, на која напиша „Фудбалски клуб Манчестер јунајтед, Олд Трафорд,
Театарот на Соништата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани