Пред почетокот на
ова коло се говореше за можноста Наполи да направи значаен исчекор кон
Скудетото доколку слави над Рома, а Јувентус киксне на незгодното гостување кај
Лацио.
Но „Бјанконерите“
триумфираа на Олимпико со гол во 93. минута, а „Волчицата“ вечерва го освои Сан
Паоло со 2-4, па Јуве на тацна го има првоот место на табелата.
Натпреварот почна
добро за домаќините, Инсиње погоди за 1-0 во 6. минута. Но предноста на
домаќините траеше едвај 60 секунди, веќе во следниот натпревар Џенгиз Ундер погоди
за 1-1. Пред крајот на првиот дел Џеко скокна високо во петерецот на Наполи и
донесе 1-2.
Во моментите кога
избраниците на Сари силно притискаа по изедначување, Босанецот изведе
маестрален потег и од врвот на шеснаесетникот во 73. минута пласираше за 1-3. Прашањето
околу победникот го реши Флоренци пет минути подоцна откако Руи лошо расчисти
една нафрлена топка.
До крајот на
мечот, домаќините преку Мертенс само го ублажија поразот.