Наполи ќе мора да се снаоѓа без услугите на Хуан Хесус во клучниот дел од сезоната, откако бразилскиот стопер заработи повреда на бутниот мускул, пренесуваат италијанските медиуми.
33-годишниот дефанзивец се повреди на дуелот против Емполи, во кој „партенопеите“ славеа со убедливи 3-0, а првичните проценки се дека ќе паузира најмалку четири недели. Постои реална можност Хесус воопшто да не се врати до крајот на шампионатот, во кој Наполи има уште шест натпревари.
Оваа повреда доаѓа во незгоден момент за тренерот Антонио Конте, кој ќе треба да направи ротации во одбраната, токму во период кога тимот се бори за највисок пласман. Наполитанците заостануваат само три бода зад Интер и ќе се обидат до самиот финиш да останат во трката за титулата.
Хесус сезонава запиша 17 настапи во сите натпреварувања и беше стабилен дел од одбранбената линија на актуелниот шампион на Италија.