Најскапиот фудбалер во јануари блесна на дебито, Роналдо не го криеше задоволството (ФОТО+ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Џон Дуран со преселбата од Астон Вила во Ал Наср го направи најскапиот трансфер во јануарскиот преоден рок, а дека ќе биде големо засилување за Роналдо и соиграчите покажа уште на дебито.

Колумбиецот во натпреварот против Ал Феиха прво во 22. минута го постигна својот првенец во Саудиска Арабија за водство од 1:0, а потоа во 72. минута и уште еднаш се запиша во листата на стрелци.

Третиот гол беше дело на Кристијано Роналдо.

Фоторепортерите не пропуштија и да ја забележат реакцијата на Португалецот кој изгледаше пресреќно поради головите на својот нов соиграч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани