Барселона негираше било
каква можност Нејмар да се врати во нивните редови, иако, според тоа што го
гледаме голема е желбата кај дел од фудбалерите на таа екипа за враќање на
Бразилецот.
Сепак, од друга страна
пак не стивнуваат шпекулациите околу можноста Нејмар да се пресели во Реал
Мадрид и да направи сензационален трансфер, ако се земе во предвид големото
ривалство со каталонскиот клуб.
Реномираниот спортски
весник „АС“ пишува дека доколку Реал Мадрид е сериозен во намерата да се засили
со Нејмар, во тоа би можел да помогне дури и „Најк“, кој наводно му поставил
услов на шпанскиот и европски првак.
Условот се состои од тоа
Реал Мадрид наместо да користи дресови од „Адидас“, да носи нивни дресови.
Од финансиски аспект се
чини дека овој услов нема да биде проблем за Реал Мадрид да го исполни, познато
е дека клубот добива околу 40 милиони евра по сезона од германската компанија,
а како за споредба, Манчестер јунајтед од Најк добива двојно повеќе, а додатно
на тоа инкасира и бонуси. Барселона, како за пример од Најк годишно заработува
105 милиони евра.