Севиља –
Манчестер јунајтед и Шахтјор – Рома, ова се двете пресметки во елитното
европско клупско натпреварување кои ќе ги проследиме вечерва во стандардниот
термин од 20 часот и 45 минути.
Се остварија
најавите околу кои денеска шпекулираа медиумите на Островот, Мурињо го изостави
Погба од почетниот состав, а од првата минута ќе стартува младиот МекТоминеј.
Севиља: Рико, Ленгле, Банега, Кореа, Н’Зонзи, Навас, Сарабиа, Ескудеро, Муриел,
Вазкез и Меркадо.
Манчестер
јунајтед: Де Хеа, Линделоф,
Санчез, Мата, Лукаку, Смолинг, Јанг, Ерера, Валенсија, Матиќ и МекТоминеј.
Двете екипи
досега имаат одиграно само еден меѓусебен дуел, пред пет години каде во
контролен меч шпанскиот прволигаш славеше со 3-1.
Во идентична
формациска поставеност ќе се судрат незгодниот Шахтјор и Рома во мечот кој
украинскиот тим го игра на неутрален терен, поточно во Харкив, на арената на која игра
Металист.
Шахтјор: Пјатов, Бутко, Кривстов, Степаненко,
Тајсон, Фред, Бернард, Марлос, Фереира, Исмаили и Ракитскиј.
Рома: Бекер, Наинголан, Стротман, Пероти, Џеко,
Коларов, Де Роси, Андер, Фацио, Флоренци и Манолас.
Ова ќе
биде петта нивна меѓусебна пресметка, во четирите украинскиот тим има дури три
победи,