Наинголан: Како дете крадев за да имам што да јадам

by
1 минути читање

Раџа Наинголан во
моментов е еден од најдобрите фудбалери на Рома, екипата која успеа да направи
голем успех сезонава пласирајќи се во топ четирите екипи во овосезонската Лига
на шампиони.

Белгиецот во
пресрет на вечерашната реванш пресметка со Ливерпул во полуфиналето, говореше и
за потешкотиите со кои се соочувал тој во раното детство, вели дека морал дури
и да краде, за да има што да јаде.

Имав само мајка
и беше многу тешко, таа работеше напорно три работи одеднаш, тоа го правеше за
да можеме да ги платиме сметките. Воглавно, јас растев на улица. Доаѓав дома во
доцните часови. Не бев добар ученик, исто така правев и некои грешка. Некогаш,
поради глад, морав да крадам за да јадам, не можев да си дозволам ништо, ама
баш ништ
о“ откри Белгиецот.

По чудесната победа над Барселона, откако на гости загуби со 4-1, а дома славеше со 3-0, Рома е пред нов голем предизвик, влегува во уште една невозможна мисија, да анулира негатива од 5-2 стекната по првиот меч со Ливерпул на гостински терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани