201
Долго време се
говори за можноста напаѓачот да скокне преку „барата“ и во последните неколку
дена на големо се шпекулира дека Вејн Руни кариерата ќе ја продолжи во МЛС
шампионатот.
Голем број на
извори попладнево пренесоа дека Англичанецот начелно постигнал дговор за
преселба во Ди Си јунајтед за 12 милиони фунти.
БиБиСи вели дека
преставници на Вејн Руни се во САД за да ги испеглаат сите детали за новата
авантура на голгетерот надвор од Премиерлигата. Скај Спортс пак додава дека на
зделката се работи веќе седум недели.
Ди Си јунајтед
сака Вејн Руни да биде големото засилување пред клубот на 14. јули да се пресели на новот
стадион „Ауди филд“ во центарот на главниот град на САД.