767
ФИФА пријави загриженост
за ситуацијата во шпанскиот фудбалски сојуз, и порача дека истиот треба
самостојно да управува, без мешање на владата во таа земја.
Се шпекулира дека
властите во Шпанија прават притисок да се одржат избори во куќата на фудбалот
на Шпанија по апсењето на Анхел Марија Виљар, а веќе имаше состанок помеѓу
делегација на ФИФА и официјални лица од куќата на фудбалот во Шпанија од кој
детали засега не се познати.