77
Според
информациите кои ги пренесе „Радио Континентал“, Бока Јуниорс го таргетирал
легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон како голема трансфер желба за
претстојниот летен преоден рок.
Истовремено,
аргентинскиот клуб го гледаат својот фудбалер Карлос Тевез како клучен во
евентуален договор со голманот на Јувентус кој својата кариера сепак би можел
да ја заврши на „Ла Бомбоњера“.
Истиот медиум
пишува дека Бока Јуниорс сака целата работа околу убедувањето на Буфон да го
направи Тевез, кои се поранешни соиграчи од редовите на Јувентус, а Бока
Јуниорс има големи амбиции за следната сезона, со тоа што сака да изгради тим,
со кој ќе ја освои Копа Либертадорес.