На повидок голем спектакл: Реал Мадрид ќе игра против Бразил!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид летово повторно би можел да привлече големо внимание од јавноста и тоа поради прјателски натпревар кој „кралевите“ најверојатно ќе го одиграат против селекцијата на Бразил. .

. Иако звучи необично, не е првпат да се организираат вакви ревијални пресметки помеѓу клуб и репрезентација. Барселона во 1999 година одигра сличен натпревар против „кариоките“, Баерн Минхен се соочи со Германија при отворањето на „Алијанц арената“ во 2005 година, а во 2012 година играа и против Холандија.

Според шпекулациите, договорот е пред официјализирање меѓу Реал, репрезентацијата на Бразил и нивниот иден селектор Карло Анчелоти, кој моментално го завршува својот мандат на „Сантијаго Бернабеу“. Очекувањата се дека натпреварот ќе има повеќе ревијален карактер, но сепак ќе предизвика огромно внимание во фудбалската јавност.

Интересно ќе биде да се види и за кого ќе настапуваат Бразилците во таборот на Реал Мадрид, додека кога е Анчелоти во прашање тој сигурноо ќе биде на клупата на Бразил бидејќи неговиот мандат кај „Кариоките“ започнува од почетокот на јуни.

Фото: Real Madrid/C.F

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани