Младиот МекТоминеј доби предност пред Пол Погба во стартниот тим на Манчестер јунајтед и имаше одличен перформанс.
По само 16 минути игра Погба влезе место повредениот Ерера и одигра просечен меч. На прес конференцијата најголемиот дел од прашањата за Мурињо беа за Пол Пога.
Кога по пресот во микс зоната новинарот на БТ Спорт го праша Мурињо за МекТоминеј, Португалецот го гушна.
„Може да те гушнам?! Ти благодарам, ти благодарам. Тоа е прашање. Бидејќи преска бев на прес конференцијата и прашањата беа за Пол и јас мислам дека прашањата требаше да бидат за детето“, вели Мурињо.
„Мислам дека тој одигра навистина добро. Креираше голем притисок кон Банега кого требше да го спречиме да игра бидејќи е плејмејкер. Играше едноставно со топката, секогаш беше комфорен, одигра билијантно“.
„Но исто така сакам да кажам дека средниот ред почна многу добро, и кога Погба влезе место Ерера даде голем напор да влезе во динамиката на мечот и мислам дека и тој имаше позитивен перформанс“.
“Scott McTominay played very well…”
“Can I hug you?! Thank you, thank you!”
“No more Pogba questions!” @DesKellyBTS and José Mourinho hug it out after the match pic.twitter.com/OFIIhkYLyZ
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 21, 2018