„Каталонците“ уште еднаш се наоѓаат во центарот на контроверзна ситуација во која од голема помош ќе беше видео технологијата.
Вечерва Луис Саурез одлично се снајде во финишот на првото полувреме и генијално со рабона се обиде да постигне погодок, но голманот на Депортиво спасуваше на гол линијата.
Уругваецот сметаше дека постигна гол, судиите останаа неми, а ниту од повторените снимки не може да се види дали топката навистина со цел обем е зад гол линијата.
Очигледно технологијата во оваа ситуација ќе беше од голема корист. Во Премиерлигата уште минатата сезона се употребува технологија на гол линијата, Серија А и Бундеслигата експериметираат со ВАР а и во најсилното првенство на Франција од следната сезона ќе има технологија на гол лнијата.