Украинскиот
репрезентативец и член на овосезонскиот првак на Англија, Манчестер Сити, 21
годишниот Олександр Зинченко во едно интервју истакна дека воопшто не му годи
животот во Англија, за кој издвои дека не е за него.
„Овде се игра
најдобриот фудбал во светот, подобар од било каде во светот. Но, животот во
Англија, ќе бидам искрен, воопшто не е за мене. Времето ме крши, би додал и тоа
дека во Русија, или пак Украина, постои многу повеќе забава отколку тука.
Дефинитивно животот во Англија не е за мене“ рече тој.
„Тие понекогаш
паѓаат од смеа на работи на кои ние не би ни пуштиле ниту скромна насмевка“ додаде
тој во однос на смислата на хумор која ја имаат Англичаните, а истакна и дека
нема позитивно мислење ниту за англиската храна.