Италијанскиот новинар Танкреди Палмери кој работи за beIN Sports и е дописник за CNN, излезе со интересен твит кој можеби ќе изгледа и навредливо за навивачите на Јувентус.
Тој по мечот на Јувентус кај Рома објави фотографија од плоштадот во Торино на која има едвај стотина луѓе а „Старата Дама“ вечерва ја завери седмата круна по ред и постави рекорд во италијанскиот фудбал.
„Фотографија од главниот плоштад во Торино по 10 минути откако Јувентус го освои 34. скудето и стана рекордер со седум титули во низа“, напиша Танкреди Палмери и ја објави сликата.
Current pic from Turin main square 10 minutes after Juventus won the 34th scudetto and an all-time record of 7 in a row pic.twitter.com/EW9MpFlFJc
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 13, 2018