На Ето не му се допадна првоаприлската шега дека ќе се кандидира за претседател на Камерун па се закани со тужби!

by
1 минути читање

Во духот на 1
април и денот на шегата, порталот Жун Африк реши да објави измислено интервју
со Самуел Ето во кое фудбалерот ја открива својата амбиција да се кандидира за
претседал на Камерун.

Напаѓачот, кој му
е соиграч на нашиот Адис Јаховиќ во Коњаспор, е цитиран како вели дека за
функцијата претседател на Камерун сонува како што Гај Јулиј Цезар сонувал за
Рим, и како тој бил инспирација за поранешната фудбалска легенда Жорж Веа, кој
неодамна стана претседател на Либерија.

„Во Интер играв
како бек против Баерн Минхен во Лигата на шампионите и победивме, па не гледам
зошто не би можел да ја извршувам позицијата претседател на Камерун
– вели помеѓу другото екс-играчот на
„Нероаѕурите“ во лажното интервју.

Сепак,
првоаприлската шега не му се допадна на Самуел Ето, кој со долго пост се огласи на
социјалните мрежи со остри критики за медиумите а дури и се закани со тужби доколку не биде испратено извинување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани