Филипе Кутињо за сума од
160 милиони евра конечно се пресели во Барселона и со тоа се стави крај на
долгата сага околу него.
Неговиот сонародник,
Роберто Фирмино истакна дека Ливерпул не е оној истиот со Кутињо во составот,
но со неговото размислување очигледно не се согласува Окслејд Чемберлејн, кој
смета поинаку.
Фирмино го истакна своето разочарување: Ливерпул не е повеќе истиот без мојот магичен брат
„Кога тој не беше во
тимот, ние игравме одличен фудбал, и се уште имаме фантастични фудбалери кои
можат да постигнат погодоци“ уверува офанзивецот.
„Имам доверба во сите
момци дека ние можеме да продолжиме понатаму како ништо да не се случило, јас,
не ни размислувам на неговото заминување од клубот“ додаде Чемберлејн.